Во петокот руската армија изврши пробно лансирање на мистериозна интерконтинентална балистичка ракета од полигонот „Капустин Јар“, објави британски Мирор.
„Борбениот екипаж на стратешките ракетни сили успешно лансираше интерконтинентална балистичка ракета на мобилен копнен ракетен систем од четвртиот државен централен меѓуспецифичен полигон „Капустин Јар“ во регионот Астрахан“, соопшти Министерството за одбрана на Русија, додавајќи дека лансирањето беше извршено како дел од државното тестирање на потенцијалните ракетни системи.
Москва, сепак, не откри која ракета е лансирана, но експертите генерално се согласуваат дека станува збор за ново оружје.
Мистериозните патеки на небото по лансирањето предизвикаа паника на илјадници километри наоколу. Воениот експерт Јуриј Подољака наведува дека жителите на Техеран, Махачкала, Самара, Уфа и Екатеринбург забележале необични траги на небото.
Жителите на северните делови на Иран и на Ирак на почетокот мислеле дека Техеран започнал напад врз Израел.
Лансирањето се случи на 12 април, односно на Денот на космонаутиката, кој Русија го слави во спомен на денот во 1961 година кога Јуриј Гагарин го направи првиот лет во вселената.
— Pluton (@Pluton45873221) April 13, 2024