Екс началникот на Петата управа во УБК и бегалец, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти, но денеска бил пуштен на слобода. Хравсткото МВР и Интерпол доставило информација до МВР вчера за приведувањето како и последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода.

Според извори на Телма одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на Грујевски му бил одобрен азил во Грција.

Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, ву јуни 2017 година побегнаа од Македонија во Грција откако беа обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување.

Грујевски и Бошковски, беа уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.