Пред две години го загуби сопругот, а сега остана и без татко ѝ.
Голема трагедија ја снајде Аријана Михајловиќ, вдовицата на познатиот српски фудбалер Синиша Михајловиќ.
Пред две години го загуби саканиот сопруг, а сега го загуби и својот татко за кого беше многу приврзана.
Аријана се огласи на социјалните мрежи и остави крајно трогателна порака.
„Со тебе замина уште еден дел од моето срце. Почивај во мир тато“, напиша на Инстаграм неутешната Аријана Михајловиќ.