Фејсбук статус на Саше Јанчев од Левица, носител на листа во ИЕ 4
Драги роднини и пријатели, се извинувам што ви пишувам доцна, сред кампања сум имам обврски 24/7 и не можам да ги пофатам сите идиотштини на моите политички противници.
Жал ми е што бевте вознемирени од пост кој имплицира дека сум починат и дека воедно сум киднапирал, украл нечие чедо.
Станува збор за следново. Во Гевгелија и Богданци нема точна дата-база на лица со посебни потреби. А тоа е неопходно за да се креираат било какви политики во таа насока. И јас и жена која има син со посебни потреби почнавме на терен да собираме информации по фамилии кои имаат такви членови и сето тоа НА НАШ ТРОШОК.
Женава која денес го објави постот дека сум мртов, ја презеде таа идеја за правење дата-база и си напиша проект во кој си предвидуваша она да си се вработи и да собира информации од терен, дури си предвиде и околу 500 евра плата и шофер. Целта и беше јас проектот да го поднесам како иницијатива на Совет на Општина Гевгелија со цел тие пари она да ги добие од Општината. Женава нема деца и нема блага врска со лицата со посебни потреби.
Тие шо имаат врска се здруженијата за лица со посебни потреби во кои одговорни се генерално лица кои имаат лица со посебни потреби во својата фамилија, претежно деца. На кратко они се тие кои си ја имаат маката.
Јас се повлеков од сето ова со насока здруженијата за лица со посебни потреби со идејата за правење на база со податоци за лица со посебни потреби да одат директно кај градоначалникот оти мене и така точки тешко ми ставаат на дневен ред затоа што ме доживуваат ко политички противник. Ако барам јас такво нешто тоа ќе остане во фиока, а не е поентата јас само да добијам политички поени, туку таква база е неопходна, а здруженијата градоначалникот нема да ги одбие.
И така бидна. Здруженијата отидоа кај градоначалникот и договорија да потпишат меморандум за соработка, со кој јас врска немам.
Кога се објави меморандумот за соработка, НЕ ЗА ПРОЕКТ, женава ја фати паника дека нема да зима пари за проект од Општината и наместо да им се понуди на помош, она сите ги направи криминалци. Цела општина, здруженијата, одговорните во здруженијата кои се луѓе кои имаат деца со посебни потреби, мене.
Јас бев тој кој им викаше на здруженијата да не ја тужат женава, да попуштат.
Но женава е фиксирана дека треба да земе пари за ова и дека она има ексклузивно право на ова и со таа цел се зачлени во ЗНАМ на Максим и еве денес до каде стигна.
Јас време со ова да се бавам сега немам оти имам побитна работа, а тоа е да станам НАРОДЕН ПРАТЕНИК.
Но веднаш потоа госпоѓава за стресот на моите блиски и за клеветите и навредите кон мене ќе се објасни на суд.
А вие драги мои не се секирајте за мене, не умирам јас така лесно. Пожив сум од кога било и тек почнувам.
Се гледаме на терен!