Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.
Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена – од други причини, објави Дејли Стар. По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.
Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.
Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“. Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.
Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен. Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.
„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.
„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.