Небојша Ѓуровиќ (49), син на познатиот кошаркарски тренер Владe Ѓуровиќ, е пронајден мртов денеска околу 14 часот во Белград.
Причината за смртта засега не е позната.
Според српските медиуми, Владе Ѓуровиќ вчера во полиција го пријавил исчезнувањето на неговиот син Небојша, бидејќи му се губи секаква трага.
– Вишото јавно обвинителство во Белград нареди обдукција на телото и токсиколошка анализа – открива изворот.
Според првите информации, на телото на синот на прославениот тренер немало траги на насилство.
Небојша Ѓуровиќ е едно од двете деца на познатиот тренер, кој ја има и ќерката Нина.