Иако дел од медиумите објавија дека до 17 часот е исполнет цензусот од 40% за избор на претседател, сепак официјалните бројки на ДИК не го велат тоа.
Имено, при поголема обработка на податоците, бројката која првично изнесуваше 42% се намали и сега изнесува 39,33% според 99,18% обработени пдоатоци.
Ова значи дека до 17 часот на претседателските избори гласале точно 707.657 лица, односно потребни се уште неколку илјади за да се стигне до бројката од 725.727 (40%).
Извесно е дека таа ќе се надмине, но до 17 часот цензус не е постигнат!