Словачките медиуми објавија ново видео од нападот на премиерот Роберт Фицо, кој денеска беше тешко ранет за време на посетата на Хандлов, каде што одржа состанок на владата.

На видеото јасно се гледа кога напаѓачот вади пиштол и испука пет истрели. Ранетиот премиер на Словачка, како што може да се види на видеото, се фаќа за стомакот и паѓа преку мала ограда на зелената површина.

Дел од обезбедувањето веднаш скока и го совладува напаѓачот, а дел му доаѓа на помош на тешко ранетиот словачки премиер.

Роберт Фицо бил итно пренесен во болница откако бил повреден. Според локалните медиуми, лекарите се борат за неговиот живот.

За атентатот на премиерот на Словачка е уапсен Јурај Цинтула (71), познат писател и опозиционер.