Никола Лазаревиќ (45) од Пожаревац, кој во средата околу 17 часот во Нов Белград со нож ја избоде до смрт Лела Стојадиновиќ (55), а потоа се самоуби, со својот бесмислен чин ги шокираше сите што го познаваат.
– Пријателе мој, не требаше да биде вака. Почивај во мир – напиша еден од пријателите на Никола на Фејсбук, збогувајќи се со него.
Оние кои го познавале велат дека за нив Никола бил пристоен човек, оженет и богат.
– Живее во Пожаревац со сопругата и семејството. Имаше автолимарска работилница и влечна служба. Работата му одеше добро, добро заработуваше, па семејството беше финансиски обезбедено. И неговата сопруга е фина жена, а верувајте не знаеме што му се случи – вели шокирана соседка од Пожаревац и додава:
– Слушнавме дека убил жена во Белград, потоа се убил себеси, а не знаеме која е таа жена. Читавме дека биле емотивни партнери, што не ни е јасно, бидејќи Никола ја има сопругата во Пожаревац. Сега не можам да тврдам дека убиената е негова девојка, никогаш не сум ги видела заедно, ниту пак знам која е таа жена. Чудна ситуација.
Од покојниот Лазаревиќ на социјалните мрежи се прости и неговата сопруга. Таа објави серија заеднички фотографии на кои се гушкаат, а пријателите изразуваат сочувство, а под него оставаат расплакани и скршени емоџи.
Да потсетиме, во стан на улицата Гандијева во Нов Белград на 15 мај околу 17 часот синот (23) на убиената ги пронајде телата на маж и жена. Соседите од зградата рекоа дека Лела дошла таму малку порано да го чува станот на мајка си.
– Лела не ја познававме добро, не живееше овде. Таму живее нејзината мајка, но жената отишла на бања, а Лела дошла да го чува станот додека неа ја нема. Во средата дојде и тој човек, уште не го знаеме, но во еден момент станаа многу бучни. Од станот доаѓаше пискање и викање, беше јасно дека се расправаат – рекол соседот и додал дека синот на Лела набрзо дошол и затекнал грозоморна сцена.
– Се испостави дека мажот прво ја претепал жената, удирајќи ја со тупаници, така што таа била целата модра. Потоа ја искасапил со кујнски нож и на крајот си го забил ножот во сопствениот врат – раскажале шокираните соседи.
Како што дознавме претходно, убиената жена и мажот кој се самоуби биле емотивни партнери.