Дете загинало кога паднало во шахта во град во Словенија.

Полициската управа во Марибор била известена за несреќа на подрачјето на Марковац во која вчера околу 22 часот дете паднало во шахта.

Детето веднаш со хеликоптер било пренесено во болница.

И покрај лекарската помош, детето за жал починало, пишува Slovenske novice.

Во меѓувреме, мариборската полиција ја продолжува истрагата за околностите кои довеле до инцидентот.