Тажната вест пристигна од Белград. По долго и тешко боледување почина малиот Константин Васовиќ (5). Боледуваше од Дишенова мускулна дистрофија, која му беше дијагностицирана пред две години, а прогнозите и тогаш беа многу тажни.

Мајката се прости од синот со многу тажна порака:

– Среќо мајкина, ангелите нека те чуваат. Почивај во мир, ќе се видиме еден ден горе во рајот. Благодарам на сите што не поддржаа, но Коле не ја доби оваа битка, битката за живот. Драг мој ангел те сакам, биди ми среќен горе на небото, ништо повеќе нема да те боли, напишала неговата мајка Катарина.

Како што претходно изјави за „Телеграф“, оваа болест ги погодува мускулите на момчињата. Започнува од нозете, потоа се развива кон половината, па рацете и рамената, белите дробови и на крајот срцето. Меѓу другото, мускулите на лицето многу брзо страдаат, а што е особено тажно, децата со ДМД наеднаш престануваат да се смеат.

Лекарите проценуваат дека после 12-тата година заболените од оваа болест ќе бидат во инвалидска количка, а животниот век на тие деца им е до 20 или максимум 30 години, вели мајката за мрачната статистика.

За жал, малиот Константин живееше само пет години.