На социјалните мрежи кружи видео од градот Уриупинск, во регионот на Волгоград, каде среде крстосница се појави огромна дупка.

Бројни граѓани решија да ја овековечат необичната глетка и го „уловија“ моментот кога невнимателен возач за малку ќе настрадаше.

Останува нејасно како не ја забележал бездната пред себе, а за среќа само налетал со предното лево тркало.

Случајни минувачи дошле да му помогнат и тој излегол од возилото низ совозачката врата.

На видеото се слушаат загрижени луѓе кои викаат: „Излези од другата страна“.

Локалните медиуми јавија дека тлото се срушило над канализациониот систем, и дека е започната санација.