Во раните утрински часови пожар избувна во куќа која се наоѓа во централното градско подрачје, спроти зградата на Стопанска банка во Штип.

Според првичните информации причинета е материјална шетета, за среќа нема повредени лица.

Граѓаните кои се очевидци велат дека од пожарната бргу реагирале и веднаш пристигнале на местото. Жителите во куќата веднаш излегле од неа, а според првичните информаци прво започнало да гори во задниот дел на куќата.

-Во куќата живеат, имаше една стара баба мислам она имала внука која ја разбудила и излегле на време. Нема повредени нема ништо, изгорени, велат очевидци.

Од Територијалната противпожарна единица известија дека добиле повик во 03:30 часот веднаш се упатиле кон местотот со едно возило и четири пожарникари.

Пожарникарите побарале помош при гаснење на пожарот па се дополнила екипата со уште три возила и пет пожарникари.

За среќа нема жртви, причината е материјална штета известуваат од штипската пожарна. Моментално има дежурна екипа која е на терен во случај да не избувне друго жариште. Пожарникарите велат дека причината за пожарот е непознат.