Жителите на Загреб, но и на цела Хрватска се шокирани од сообраќајна несреќа во која животот го загуби 22-годишиот Карло Цвитковиќ.

Како што информираа од полицијата, младиот човек поминувал коловоз на обележан пешачки премин додека било запалено црвено светло за пешаци. Во него удрил патнички автомобил со загребски регистерски таблички, управуван од 20-годишно момче, кој се движел на запад по Селски цеста додека на семафорот му било зелено.

Животот го загуби Карло Цвитковиќ од кого се прости неговиот поранешен клуб НК Купаод Карловац.

„Утрово не погоди тажна вест, бидејќи нашиот поранешен играч Карло Цвитковиќ повеќе не е меѓу нас. Неверојатно љубезно и учтиво момче засекогаш отиде на небесните трибини, оставајќи нè со тага, шок и празнина. Драг Карло, вечно ќе те паметиме по твојата топлина, позитивност, лојалност и љубов кон нашиот клуб и село. Ти благодариме што ги потполни нашите животи иако нема да пишуваме фудбалски балади заедно. Чувај нè од небесните височини и повторно ќе се видиме.

НК Купа изразува најискрено сочувство до семејството, пријателите и познаниците на Карло. Погребот ќе биде во вторник во 14:00 часот (Хрнетиќ)“, напишаа од клубот.