Цистерна вечерва е паркирана позади Клиниката за Гинекологија на Клинички Центар.
Од 21 часот како што беше најавено, скопските Клиники се без вода.
Од Министерството за здравство и денеска не испратија насоки како ќе работат граѓаните и што да прават граѓаните и пациентите.
При нашата посета на скопските клиники, никој не ја користеше водата од цистерната.
Вода ќе нема до 5 часот наутро.