Едно лице загина, а четворица се повредени во авионска несреќа кај Загреб, соопшти Управата за цивилна заштита.

Урнатиот авион бил Цесна, а инцидентот се случил во реонот на општина Ступник во Загреб.

Во пораката се наведува дека загрепскиот жупански Ургентен центар вчера околу 15:47 часот добил дојава за пад на авион од типот Цесна 182 во областа Ступник.

На местото на настанот се испратени припадници на државната интервентна единица за цивилна заштита на Загреб, полиција, итната медицинска помош, планинските служби на Самобор и Загреб и пожарникари.

Cessna 182 Skylane е американски лесен авион со четири седишта со еден мотор, произведен од Cessna во Вичита, Канзас.