Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.

„На Алах сме и на него ќе се вратиме

Со скршено и тажно срце ве известувам дека почина нашиот син/брат Амар Исмани

Церемонијата за погреб ќе се одржи денес со Икинди намаз во џамија, а потоа на гробиштата Бутел“, напиша Един Исмани на Фејсбук, брат на убиениот пејач.

Последната објава на социјалните мрежи

Се верил пред еден месец

Исмани е убиен во пресметка додека две лица се повредени после масовна тепачка на Пластичарска улица. Амар бил многу популарен во Македонија, а на Инстаграм го следеле околу 300.000 луѓе.

Последната објава на Инстаграм стори е објавена неколку часа пред смртта.

Тој на социјалните мрежи често споделувал фотографии од патувања. Исто така во албумот со фотографии кои ги објавил на 25 април покажал дека тогаш се свршил.

Се верил пред еден месец