Составот на новата влада е пред финален договор, дознава КУРИР од извори на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што дознаваме е дека во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија остануваат МВР, Министерство за финансии, Транспорт и врски, Образование и наука, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделство, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива Министерството за животна средина и просторно планирање, кој во исто време ќе биде и вицепремиер. Потоа министерството за здравство и министерството за социјална политика, демографија и млади исто припаѓа на Вреди.

Министерството за економија и труд, оди во рацете на Вреди, заедно со секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на Вреди.

И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација.

Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.