Дете (4) паднало во котел со гулаш во неделата на манифестацијата „Гулашијада“ во Баранда.

Со брзата реакција на полицијата детето било извлечено и пренесено на Универзитетската клиника во Тиршова, каде според неофицијални информации се наоѓа на интензивна нега и е надвор од животна опасност.

Несреќата се случила кога детето возело велосипед на тротоар во придружба на неговата баба и удрило во дрвен столб што го обезбедувал просторот, односно зелената површина околу местото каде што се одржал јавниот собир и се готвел гулашот. Откако удрило во бандерата, детето паднало во казанот.

Брзо е пренесено во Здравствениот дом Опово, а подоцна на лекување во Белград.