Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат М-14 Бихаќ – Босанска Крупа во БиХ, во која едно лице загина.

Како што потврди за Klix.ba портпаролот на полициската управа на МУП на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ, се врши истрага за да се утврдат сите околности на оваа несреќа.

„Несреќата се случила околу 18.45 часот. Откако возилото слетало во реката, сопатникот А.А.(24) од Бихаќ успеал да исплива, додека 25 годишната Ена П. од Босанска Крупа која го управувала автомобилот останала заглавена во возилото. Кога нуркачите на специјалната полиција на МУП УСК стигнале до возилото и девојката, за жал, можеле само да констатираат смрт“.

Според неофицијални информации, несреќата ја предизвикале карпи кои паднале на патот по кој во кобниот момент минувало возилото. Во овој момент не е целосно познато дали карпите удриле во возилото или придонеле возачот да изгуби контрола над автомобилот и да слета во реката Уна.