Пластичната и реконструктивната хирургија е специјалност која сè повеќе се развива, а денес речиси и да не постои естетска корекција која не може да се направи.

Сепак, многумина се изненадени од шокантната трансформација на повозрасен човек, кој направил неколку операции на клиника за пластична хирургија во Турција. На него биле спроведени седум естетски корекции, меѓу кои и трансплантација на коса.

„На нашиот пациент, Мајкл, му направивме лифтинг, кревање на вратот, блефаропластика на долниот очен капак, блефаропластика на горниот дел, отстранување на букалната маст, ринопластика и трансплантација на коса. Тој доживеа неверојатна трансформација, која можете да ја видите на фотографиите. Секогаш имаме холистички пристап кон естетиката. Само ринопластика или трансплантација на коса можеби не се доволни за да се постигне посакуваниот изглед“, напишаа лекарите од оваа турска клиника на својот инстаграм-профил.

Со помош на овие зафати може да се постигне помазен и помлад изглед. Но, дали е можно разликата да биде толку голема? Барем тоа е главната дилема на корисниците на социјалните мрежи.

„Тој се претвори во својот внук“, „Би сакал да ги видам сите фотографии по операцијата, па дури тогаш ќе останам вчудоневиден“, „Ако е тој, тогаш треба да бидете искрени – колку години ви беа потребни за оваа трансплантација? Најмалку две“, „Всушност, ова е страшно. Луѓето кои го менуваат личниот опис ме плашат. Истовремено се залажувате себеси, а потоа вашите деца секако ќе изгледаат како вас пред да ги направите операциите“, се дел од коментарите на Инстаграм.