Мажот кој денеска загина на автопатот Белград – Ниш кај рудниците Алексинац е затвореник кој излетал од амбулантното возило при транспорт, дознава „Блиц“.

Како што објави „Блиц“, мажот бил удрен од друго возило и убиен на лице место. Трагедијата се случила околу 17 часот.

Според информациите, починатиот е лице лишено од слобода. Засега не се знае дали се работи за осуденик или пак приведено или задржано лице.

Се утврдува и дали лицето било на преглед, операција или бил пренесуван поради вештачење. Дали се работи за обид за бегство или скокот се случил под други околности, ќе се знае кога ќе заврши истрагата.

На местото на несреќата дошло до застој во правец на Ниш, а патниците известуваат дека на терен се полицијата и итната помош.