Пејачот Владо Георгиев на својот Инстаграм профил објави за смртта на својот пријател и деловен соработник.

Имено, починал еден од членовите на бендот со кој со години настапуваше Владо Георгиев, а пејачот со трогателни зборови се прости од својот пријател.

– Нашиот Млаѓо отиде засекогаш, нашиот најдобар пријател и брат и еден од најдобрите и најчесните луѓе што сум ги сретнал… Беспрекорно чиста душа, гениј кој водел осаменички живот како што само тој можел и сакал. Останува огромна тага и празнина. Почивај во мир и нека ти е вечното царство небесно, драг мој Ѓомлице, никогаш нема да те заборавиме драг наш брат, јас и моето семејство и целиот бенд те сакаме засекогаш. Збогум генијалецу…почивај во мир. Espera, aún la nave del olvido no ha partido…