Денеска околу 20:00 часот од Здравствениот дом Љубушки во БиХ во СВР Љубушки е пријавено дека 6 малолетни деца се повредени при пад од рингишпил лоциран во тоа населено место.

По укажаната помош во Здравствениот дом „Љубушки“, сите повредени се испратени во Центарот за итна медицина и ургентен прием на СКБ Мостар. Степенот на повредите ќе се утврди подоцна – изјави портпаролката на полициската управа на МУП на кантонот Западна Херцеговина, Мила Чавар.

Полицијата го обезбедува местото на настанот, а истрагата ќе продолжи утре наутро.

За настанот бил информиран дежурниот обвинител на Обвинителството на ЗХК во Широки Бријег.

– Полициски службеници на ПУ Љубушки ги преземаат сите неопходни мерки и дејствија – заклучи Чавар.