Двегодишно дете се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска денеска попладне.

Полицијата околу 15 часот добила пријава за тешка сообраќајна несреќа на А3 помеѓу Окучани и Новска, во која учествувале камион и автомобил. Во несреќата две лица загинале, додека детето е префрлено во болницата во Новиград, од каде итно е пренесено во КБЦ Загреб.

– Има сериозни повреди на неколку органски системи и итно е пренесен во КБЦ Загреб – потврди директорот на болницата Новиград, Јосип Колоџиеј. Според неофицијални информации, во несреќата загинале млад маж и жена.