Ако некогаш сте имале можност некој да ве гледа додека вежбате во теретана или да ви пријде среде тренингот, тогаш знаете колку оваа ситуација може да биде навистина непријатна.
Марија е фитнес ентузијаст која привлече внимание на Тик Ток кога објави клип со „големо изненадување“.
Марија собра неверојатни 748.000 следбеници благодарение на нејзините искрени блогови и трикови во теретана. Во неодамнешниот TikTok, таа е снимена одзади, облечена во шорцеви за вежбање и спортски градник, додека еден маж се обидува да разговара со неа.
„Извинете, често доаѓате овде? прашува тој, но дури кога Марија ќе се заврти, може да се види дека е во поодмината бременост, поточно очекува близнаци.
Стотици следбеници се јавија со коментари за да ги споделат своите реакции – признавајќи дека и тие биле шокирани од откритието. „Никогаш не би претпоставил“, напишал еден.
Друг се согласи со коментар: „Никој не го очекуваше ова“.
Трета корисничка додаде: „Посакувам да изгледам така ово текот на бременоста – а имам само едно дете. Изгледаш неверојатно“.
Друг пак се пошегува: „Вилицата ми падна на подот“.