Дваесет полуфиналисти вечерва жестоко се изборија за пласман во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, а за нивната пејачка големина говорат и резултатите од гласањето на жирито кое во најголем дел не можеше да одлучи кој е подобар.
Свесен за силната сезона и талентите кои напорно работеа претходните десет месеци, Саша Поповиќ имаше најтешка задача да ја донесе конечната одлука за финалистите кои следната сабота ќе се борат за ласкавата титула.
– Во овие дваесет години колку што работам на „Ѕвезде Гранда“ ова е најтешката вечер. Четворица за жал вечерва ќе го напуштат натпреварувањето. Во финалето нема дуели, секој кандидат ќе носи свој број. Ќе има гласови од пет земји: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Хрватска – објасни Поповиќ.
Сепак, пред да ја изрече конечната одлука, Поповиќ ги израдува сите натпреварувачи.
– Секој од овие кандидати помина 13 круга за да стигне до овде. Сигурен сум дека сите што ја следат „Ѕвезде Гранда“ одлично го познаваат секој натпреварувач и ова е моментот на одлука. Одлуката гласи, во финалето нема да има 16, ќе има 17. Каде има 17 има и 18, а каде има 18 нека одат сите 20 во финале. Кога толку многу издржале, гледачите нека одлучат кого сакаат, кого не, а кој ќе биде победник. Немам срце да исклучувам никого затоа што сите се доволно добри за да одат во финале – одлучи Поповиќ и на листата на финалисти се најдоа следните кандидати:
1. Јанко Јанков
2. Антонија Черкез
3. Дино Суљиќ
4. Андријана Петрушовска
5. Мирза Пандур
6. Шејла Зониќ
7. Бета Судар
8. Сидик Шабановиќ
9. Ѓула Дрини
10. Дејан Дачевиќ
11. Јелена Проле
12. Ријад Рахмановиќ
13. Николина Перковиќ
14. Петар Крекиќ
15. Јулија Петровиќ
16. Инел Нукиќ
17. Стефан Томиќ
18. Александра Иванов
19. Мики Секуловски
20. Мелиса Зијадиќ