Исчезнаа надежите дека исчезнатите тинејџери во Италија кои беа однесени од поројна река завчера можат да бидат пронајдени живи. Како што јавуваат италијанските медиуми, за жал во текот на денешниот ден се извлечени две безживотни женски тела.

Пребарувањата на нуркачите и спуштањето на водите ја потврдуваат веќе очекуваната трагедија. Две безживотни тела се идентификувани покрај реката помеѓу римскиот мост и Орсарија. Станува збор за телата на Патриција Кормос (20) и Бјанка Дорос (23).

Телата биле идентификувани од Цивилната заштита, едното на 700 метри од местото на исчезнувањето, а другото на околу километар. Во тек се операции за извлекување, додека потрагата по исчезнатото трето лице Кристијан Касијано Молнар (25) продолжува.

Се претпоставува, како што тврдат и некои експерти, дека смртта на двете девојчиња настапила неколку моменти по нивното поминување под мостот, кога тие всушност исчезнале од видното поле.

Повлечени од силата на водата, телата кои веројатно во тој мометн веќе биле безживотни поради многу ниската температура на водата, завршиле во провалија или заплеткани во вегетацијата.

Денес, кога нивото на е водата многу пониско, практично вратено во нормала, телата излегоа на површина. Веднаш биле известени семејствата на жртвите.