Околу 13 деца во вторникот биле примени во болница во Прателн, Швајцарија поради алергиска реакција откако за време на училишна екскурзија дошле во контакт со дабов молец.

Најлошо поминал 9-годишниот Ноа Амарал кој го изгубил видот и според прогнозите на лекарите ваквата состојба ќе трае барем уште неколку дена.

– По инцидентот со нешто кое изгледало како отровна гасеница, 13 деца од Швајцарија во вторникот завршија во болница поради тешка алергиска реакција. Ноа Амарал е исто така дел од училишната група, соопшти полицијата, пренесува магазинот Феникс.

Според соопштението на полицијата, при пешачење, момчето и другите деца наводно дошле во контакт со дабов молец. Што точно ја предизвикало алергиската реакција кај децата сè уште не е целосно разјаснето. Сепак, сите симптоми укажуваат на контакт со оваа отровна гасеница.

– Ученикот од трето одделение, како и неговите соученици, покажа типични симптоми кои укажуваат на контакт со гасеница. Тие вклучуваат иритирана кожа и очи, како и тешкотии со дишењето, соопшти полицијата.

Мајката на Ноа, Лајла Амарал за швајцарскиот весник „Блик“ изјавила: „Кога не се врати дома во 16 часот, се јавив на неговата учителка. Таа ми кажа на телефон дека Ноа е во болница. Се исплашив и за малку ќе се онесвестив“.

Наставничката и кажала на преплашената мајка дека трите деца со хеликоптер биле пренесени во болница. Ноа според првичните симптоми бил помалку погоден и бил префрлен во детска болница во Базел. Но, по некое време почнал да покажува тешки симптоми и го изгубил видот.

– Одеднаш повеќе не можеше да види ништо, многу се чешаше. Очите толку многу го болеле што не можел да престане да плаче, изјавила неговата мајка. Видот на момчето се уште не е вратен, но лекарите се оптимисти. Мајката на момчето вели дека тој бил длабоко погоден кога видел како неговите соученици тешко дишат и се борат да земат воздух.

Дабовиот е вид на пеперутка која може да биде опасна за луѓето, особено во фаза на гасеница и може да предизвика дерматитис од гасеница. Особено често се јавува во мај и јуни. Во текот на овие месеци гасеницата ја достигнува третата ларвална фаза, во која се развиваат влакна кои се опасни за луѓето.

Тие можат да предизвикаат штетна иритација на кожата и мукозните мембрани. Ако не се лекува, осипот со чешање обично може да трае една до две недели. Станува опасно кога дишењето е ослабено или влакната од дабовите молци ќе влезе во очите. Потоа веднаш треба да се консултирате со лекар.