18-месечно бебе се задави до смрт минатата недела во Венеција со пластично капаче од паста за заби. Трагедијата се случила додека била со мајка си во семејната куќа на Лидо.

Бебето во еден момент го ставило капачето во уста, кое потоа ѝ се спуштило до душникот.

Според зборовите на мајката Емили, таа ја однела својата ќерка во тоалет да ѝ ги измие забите. Девојчето со заби ја откинало пластичната амбалажа од новата паста и го ставила капачето во уста.

Родителите веднаш се обиделе да ги одблокираат дишните патишта, но не успеале. Тие веднаш отишле во локалната болница, каде што требало да биде пренесена во Падова. Хеликоптерот имал проблеми, па изгубиле драгоцено време.

Таа пристигнала во Падова околу пладне и била приклучена на уредите. За жал, поради долгото време без кислород, и покрај напорите на лекарите, девојчето починало во саботата наутро.

Мајката се прашува зошто не добила помош веднаш во Венеција и зошто ги немале потребните инструменти.