Американската инфлуенсерка и водителка Карли Вајнштајн на својот Инстаграм објавила фотографии во бикини, но немала поим дека тие ќе станат вирални.
Нејзините слики експресно на Инстаграм собраа повеќе од 25.000 лајкови и предизвикаа бројни коментари од жените кои и се заблагодарија за промовирањето на реална слика за женското тело.
– Објавив фотографија во бикини и стана вирална поради тоа како изгледа моето тело. Толку многу луѓе напишаа дека вака изгледа вистинското женско тело или дека конечно гледаат тело што личи на нивното. Само уживав во мојот костим за капење покажувајќи колку убаво изгледам, не ни помислив на тоа – напиша таа на Инстаграм.
Таа исто така објасни дека не се работи само за големината на нејзиното тело, туку и за тоа што ги покажала недостатоците со кои се соочуваат многу девојки и жени, како што се целулитот и модринките и додаде дека жените веќе се „заморени од наметнувањето на културните стандарди на убавината“.
– Јас сум како вас – не ми се допаѓа секогаш одразот во огледалото и тоа е во ред. Но, сакам да ве потсетам дека како и да изгледате однадвор, тоа не ве дефинира како човек.