Малата Валерија (9) исчезнала на пат кон училиште во понеделникот наутро во градот Дебелн, Германија, а по неа се води огромна потрага и девојчето се наоѓа на насловната страна на речиси сите германски медиуми.

Хеликоптер лебди над централна Саксонија додека неколку полицајци патролираат во областа околу овој германски град со околу 24.000 жители.

– Сите трагаат по девојката која исчезна без трага. Девојчето од Украина, кое живее со својата мајка во Дебелн, излегла од куќата околу 06:50 часот. На училиште најчесто оди со автобус. Сепак, девојчето никогаш не успеало да стигне до училиште. За да стигне до основното училиште, кое е оддалечено околу два километри, Валерија треба да се качи со автобус. Растојаните од нејзиниот дом до автобуската постојка е околу 250 метри, пишува Билд.

– Во моментов не е ни познато дали таа се качила во автобусот во понеделникот наутро. Истрагата откри дека Валерија не била на часови, изјавила портпаролката на полицијата Јана Улбрихт.

– Никој не знае дали 9-годишното дете воопшти пристигнало на автобуската станица. Единственото нешто што засега е сигурно е дека Валерија не се качила во својот вообичаен автобус. Девојчето не може да се види на снимките од надзорните камери. Дури ни возачите не можат да се сетат дека ја виделе, пишува Билд.

Засега не е познато зошто училиштето не алармирало доколку девојчето не стигнало на настава. Кога Валерија попладнето не се вратила дома, мајка ѝ повикала полиција.

– Валерија никогаш до сега не побегнала од дома, поради што семејството е многу загрижено, додала портпаролката на полицијата.

Од понеделникот попладне полицијата, хеликоптерска екипа и полицајците со куче трагачи трагаат по детето. Околу 23.15 часот полицијата распиша јавна потрага по Валерија.

Валерија е висока околу 1,40 метри. Таа има кафеава коса со средна должина. Валерија последен пат е видена облечена во виолетова маица, црни фармерки, светло тиркизна јакна и темно сини чевли.

Со себе има розов ранец и слабо зборува германски. Полицијата бара секој што има информации за неа да се јави.