Контроверзниот Најџел Фараж беше нападнат на митинг во Клактон, Англија, каде одржа митинг во пресрет на претстојните избори во Велика Британија.

Фараж, кој на пошироката јавност ѝ стана познат за време на кампањата за Брегзит, се активираше и најави дека ќе се кандидира на изборите што неодамна ги најави премиерот Риши Сунак.

Кандидатурата на Фараж на изборите претставува ноќна мора за владејачката Конзервативна партија, која е далеку зад Лабуристичката партија според анкетите на јавното мислење.

Како што можете да видите на видеото, млада жена му фрли милкшејк на Фараж.

Ова е осми обид на Фараж да добие пратенички мандат во Велика Британија, а вторпат беше цел на напад на предизборен митинг. Првиот пат беше нападнат во 2019 година во Њукасл.

Следбениците на Фараж биле изненадени, а девојката која му фрлила пијалок од блискиот „Мек“ постојано се смеела.

Која е девојката која го „избања“ Фараж?

Викторија Томас-Бовен е 25-годишната девојка која го „избања“ Најџел Фараж со милкшејк додека излегуваше од локалниот паб во Клактон.

Видеото на кое се гледа како пијалокот му се фрла во лице на контроверзниот британски политичар денеска го обиколи интернетот.

25-годишната жена е уапсена и останува во притвор. Според написот на DailyMail, сепак девојката не е непозната за јавноста. Станува збор за познат модел на OnlyFans, кој дури и отворено го поддржува политичарот Џереми Корбин.

Во изјава за Би-Би-Си, манекенката изјавила дека овој потег го направила сосема спонтано. „Го сторив тоа, бидејќи така чувствував дека морам да направам“, карактеристично рече таа.