Другарките Катарина Ивановска и Тамара Тодевска се неуморни журкаџики.

Имало повод или не, познатите скопјанки секогаш се во градска шема. Кога Тамара има настап, тоа значи и задолжително присуство на Катарина од првите редови каде кватлитетно ќе се изнаигра, изнапее и забавува на свирката на другарката.

Поркај тоа, зошто да не направат и заедничка фотосесија, вечерта тоа им го нуди, расположението секако, а тука се и профи соработниците кои секогаш знаат да им тераат по ќеф.

Па така, на вечерта пред неодамнешниот настап на Тамра во еден познат скопски ноќен бар, другарките се стокмија и да позираат заедно, додуша немарата беше само Тамера да си направи нова фотсетија, ама во истата веројатно по навика да биде пред објектив, влета и Катарина.

За женската убавина нема простор за споредба, како и во случајов, но другарките секоја на свој начин го извади најдоброто од себе.

Катарина искусен модел со врвно портфолио, ама Тамара со позата и бујното егзотично и раскошно деколте фрли се’ во аут. На ваква глетка фокусот е јасен, блеска со златен сјај и нема потреба за дополнителна дискустија, доволно е само да се гледа.