Хармоникашот Александар Софронијевиќ објави тажна вест на својот Инстаграм профил.
Имено, Софронијевиќ испрати трогателна порака да се прости од колегата кој ненадејно починал.
– Нека ти е лесна земјата, драг мој Звонко, мој чичко Туцко. Не ми се верува дека повеќе нема да свириме, патувај со ангелите брате мој добар… Искрено сочувство до семејството – напиша тој.