Поранешниот учесник во реалните шоуа и шоумен Зоки Шумадинац почина на 49-годишна возраст, потврдија за Телеграф.

Почина во својот стан, а само неколку часа пред ненадејната смрт објавил слика на Инстаграм.

Имено, Зоки на своето „стори“ објави слика од летување, од архивата на неговиот телефон.

Да потсетиме, Зоки Шумадинац е роден на 8 август 1975 година во Австрија, а живеел во Горњи Милановац.

Се занимавал со пеење, но и со псевдонаучни дисциплини како што се езотеризмот и астрологијата.

Зоки на јавноста и стана познат по неговата песна наречена „Autotune“, која за само неколку недели достигна милион прегледи.