Актерката Марија Каран (42) моментално е на почетокот на петтата деценија, а ретко кој останува рамнодушен на нејзиниот изглед.
Неодамна пишувавме за нејзиниот многу необичен костим за капење кој бара храброст бидејќи е украсен со неколку синџири, а на профилот на Марија на Инстаграм може да се видат еден куп слики во костими за капење, меѓутоа оние во едноделно бикини целосно ги воодушевија нејзините следбеници.
Имено, згодната актерка покрај базенот позирала во брендиран костим за капење, кој според веб-страницата чини 490 долари, што кога ќе се преведе во дeнари е околу 28.000 дeнари, а со своите заносни облини ги распамети сите.
Во нив актерката позира покрај базен, а потоа и во базен, во провокативни пози, а нејзиното тело е чисто совршенство.