Пејачката Јелена Карлеуша рано утринава околу 5:15 часот пријавила во полиција дека била нападната од нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, ексклузивно дознава српски Курир.
Како што пишуваат, полицијата по пријавата веднаш излегла на терен, каде ја затекнала пејачката со нејзиниот пријател Н.Ј. Тие сведочеле дека Тошиќ дошол во куќата од која има клуч и како што навеле очигледно бил под дејство на алкохол, па пријателот на поранешната сопруга го фатил за врат и го удрил неколку пати по главата и тело.
Карлеуша се обидела да ги раздвои, пишува медиумот, па додава дека Душко ја повлекол Јелена за коса и ја удрил неколку пати по главата и телото.
Како што дознава Курир, Јелена нема видливи повреди на телото, додека нејзиниот пријател има гребаница на брадата и вратот.
За оваа пријава Тошиќ дополнително ќе даде изјава во полиција.