Со своите енергични настапи, харизма и силен глас, Мики Секуловски стана еден од најинтересните финалисти во оваа сезона на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“.
„Келнерот од Белгија“, како што го нарекоа овој триесет и седумгодишен македонски натпреварувач од Велес, девет месеци од круг во круг го оправдуваше своето место на натпреварот, оставајќи ги без зборови жирито и милионската публика.
Сепак, никој не знае што се случувало во приватниот живот на мистериозниот финалист, пишува сајтот grand online. Тешка животна судбина, борба, но и голема семејна трагедија го снашла Мики во еден момент од неговиот живот, за кој зборува ексклузивно за grand.online.
– Работев како келнер. Отидов да го посетам моето семејство кое живееше во Белгија, но во тој период на татко ми му беше дијагностициран рак на дебелото црево. Затоа решив да останам да им помагам на брат ми и мајка ми… Кога татко ми почина, се вратив. Тоа беше пред две години – изјави Секуловски за grand.online, а потоа откри повеќе детали од приватниот живот:
– Не сум оженет, немам девојка. Сè уште не ja најдов вистинскata, најверојатно. Имав некои семејни проблеми и останав во Белгија 5 години, бидејќи едноставно морав да останам. Но, се вратив и решив да се пробам во „Ѕвезда Гранда“ и да живеам во Македонија.
И покрај тоа, тој одржуваше апсолутна скромност. Имено, Мики дури на крајот од натпреварот откри непознати детали од својот живот за кои долго време молчеше.
– Во Софија дипломирав оперско пеење, не знаеја многу луѓе за тоа. Цеца ме праша дали завршив со оперско пеење и зошто не сум кажал, а јас одговорив „Не ме прашавте“ – изјави Мики.
За време на неговото учество многумина веруваа дека подготовките за неговите настапи траат со часови, но реалноста е сосема поинаква.
– Прво морам да ви кажам дека никогаш не вежбам, верувајте. Тоа некако ми доаѓа природно, можеби ме носи адреналинот, па правам некои работи на сцената кои вообичаено не би ги правел. Приватно сум повлечен и многу смирен – откри Мики и додаде дека добива инспирација за настапите:
-Обично не сакам да копирам или имитирам некого. Секогаш сакам да ја донесам песната на мој начин, како што јас ја доживувам, бидејќи секоја песна е претстава и треба да биде претставена онака како што вие ја чувствувате, што и јас го направив.
Мики призна и дека секогаш му недостасува неговата менторка Цеца Ражнатовиќ со која се консултира за важни работи, но и дека успеал да се снајде во една емисија и покрај нејзиното отсуство.
-Секогаш ми недостига Цеца. Мене ми е како бензин (се смее). Можеби тоа што ја немаше, а јас бев малку сам, знаете… Но не, не беше пресудно, но секогаш ми недостига како ментор да ми го каже своето мислење – откри Мики.
Секако, тоа не му беше толку тешко бидејќи веќе го имаше своето „ѕвездено“ искуство кога пред десет години беше вицешампион на друг музички натпревар.
– Слично искуство имав и на еден музички натпревар во Македонија, тамошниот „Идол“, каде што завршив на второто место, па донекаде сум запознаен со сето ова. Всушност, тоа се заснова на малку сличен принцип – изјави Мики.