Креативниот директор на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ пристигна со патерици на финалето на „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Поповиќ неодамна доживеа несреќа при која ја скрши ногата, но тоа не го спречува да биде активен и да учествува во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.
Се уште не се опорави целосно, па во финалето стигна со патерици. Многу расположен Поповиќ ги поздрави насобраните медиуми и влезе во студиото.
За потсетување, Марија Шерифовиќ вечерва нема да се појави во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.
Светлана Ражнатовиќ – Цеца дјде заедно со нејзината ќерка Анастасија, а внимание привлече и пејачката Ана Бекута која го истакна своето деколте.