Осум од вкупно 20 кандидати не го поминаа првиот пресек од гласањето во финалето од „Ѕвездите на Гранд“ и за нив финалето вечерва е завршено. Само во првиот круг од гласањето Саша Поповиќ се пофали дека биле испратени над 190.000 СМС пораки.
Тројцата кандидати од Македонија, Андријана Петрушовска, Мики Секуловски и Мелиса Зијадиќ го продолжуваат финалето.
Меѓу 12-те кандидати кои ја продолжија борбата во финалето се Дино Сулиќ, Мелиса Зијадиќ, Сидик Шабановиќ, Антонија Черкез, Шејла Зониќ, Ријад Рахмановиќ, Мики Секуловски, Јанко Јанков, Андријана Петрушовска, Петар Крекиќ, Ѓула Дрини, Дејан Дачевиќ.
Меѓу 8-те кои испаднаа се: Александра Иванов, Бета Судар, Николина Перковиќ, Мирза Пандур, Стефан Томиќ, Јелена Проле, Инел Нукиќ и Јулија Петровиќ.