Со освоени 132.047 гласови Шејла Зониќ од БиХ и победничка во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2023/2024.
На второто место заврши нашиот Мики Секуловски од Велес со освоени 102.103 гласа, додека трета беше исто така нашата Македонка Андријана Петрушовска со освоени 71.875 гласови.
Во трката за победа во која беа вкупно 20 натпреварувачи, по три круга, односно изведби во суперфиналето, најпрвин се издвоија 12, потоа шест кандидати, за на крајот за останат најдобрите тројца, Мики Шејла и Андријана.
Возбудата и адреналиност беа на највисоко ниво се до самиот крај, а годинава Македонија уште еднаш се гордееше со своите талентирани грла.