Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти државната служба за цивилна заштита на Мексико (ЦЕПЦ).
Несреќата се случила во ноќниот клуб Рич во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот дневен весник Миленио.
Според информациите клубот немал соодветни дозволи за работа, а директорот на трговскиот центар Маурицио Ордаз Флорес изјавил дека Државната служба за цивилна заштита извршила проверка на 15 март и утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.
На социјалните мрежи се објавени вознемирувачки видеа од несреќата.
ЦЕПЦ потоа побара од раководството на клубот да ги исполни потребните услови за да може да се издаде работна дозвола.
MEXICO🇲🇽 – a night out at the club turned tragic for these young people. At least 20 people fell from the terrace of the club to the ground below. The terrace is located on the third floor of the "Rich" bar in San Luis Potosí. They fell at least 6 meters.
3 people did not make… pic.twitter.com/WYWCnA0LJS
— The Many Faces of Death (@ManyFaces_Death) June 8, 2024
Локален функционер на прес-конференција изјави дека една од оградите на третиот кат од трговскиот центар се срушила под притисок на луѓето.
Тој додаде дека е констатирано дека во клубот се одржувал настап на некон пејач, иако управата на објектот не поднела барање до надлежните органи за тоа и немало одобрение од ЦЕПС да го реализира тој настан.
En San Luis Potosí, el techo de un antro se desplomó durante un evento del cantante Kevin Moreno, dejando como saldo 3 jóvenes muertos y 16 heridos. El hecho ocurrió en el antro Rich dentro de la Plaza Alttus cuando se venció un barandal de un segundo piso. pic.twitter.com/d9jxvcWTpN
— David Ordaz (@david_ordaz) June 8, 2024