Траги од повреди на рацете сугерираат дека вујкото сакал да има сексуален однос со неговата мала внука па потоа неколкупати ја избодел со шрафцигер, велат неименувани извори од истрагата. Причината за убиството на 11-годишната Василика во Пелопонез која го потресе регионот e обид за обљуба, пишува Катимерини.

Вујкото на сослушување го признал делото и на полицајците им рекол дека сакал да има секс со внуката. Вештачењето покажало дека Василика (11) била прободена со шрафцигер во срцето и слезината и дека нема траги на сексуална злоупотреба.

Во досиејата поднесени од полицијата има пријави за убиство со умисла и обид за силување за што е осомничен вујкото на девојчето.

Како што пренесуваат грчките медиуми, девојчето пред злочинот текло „Ќе им кажам на родителите“, најверојатно при обидот за силување, по што нејзиниот вујко насрнал на неа, како што самиот признал, по што ја убил.

Според полициските информации, мажот наводно на сослушување рекол дека сакал да има секс со девојчето, но кога таа одбила и рекла дека ќе им каже на родителите, тој ја нападнал и ја убил со шрафцигер.

“Јас ѝ предложив, таа веднаш одби и рече дека ќе им каже на родителите. Ја убив со шрафцигер што го имав во автомобилот”, наводно рекол мажот.

Осомничениот 37-годишник бил на ослободување од затвор во очекување на неговата жалба на пресудата за силување малолетник во 2017 година на јонскиот остров Закинтос. Девојчето во тој случај наводно била внука на таткото на 11-годишното девојче Василика.

Државната телевизија ЕРТ соопшти дека додека бил осуден на девет години затвор, 37-годошникот бил ослободен под услов двапати месечно да се јавува во неговата локална полициска станица.

Телото на Василика беше пронајдено на поле откако нејзините родители преку апликацијата Амбер Алерт пријавиле дека исчезнала.

Таа имала убоди во вратот, градите и во грбот.