Претседателот на управниот одбор на една од најпознатите хрватски компаниии заработува во просек по 67.000 евра месечно.

Како што пишува порталот danica.hr, тоа е Давор Томашковиќ, првиот човек на Кроација осигурување, а станува збор за вкупен бруто приход, кој вклучува плата, бонуси и примања како што се користење на автомобили и полиси за осигурување.

Познати се и платите на другите членови на управниот одбор. Роберт Вучковиќ месечно заработувал вкупно 37.000 евра, Ванчо Бален 31.000 евра, а Лука Бабиќ 28.000 евра бруто.

Кроација осигурување лани оствари приход од 519 милиони евра со раст од 21,5 отсто, а нето добивката изнесува 47 милиони евра и е повисока за 13 отсто.

Компанијата лани имала во просек околу 2.400 вработени чија просечна нето плата, според Финансиската агенција, била само околу 450 евра нето месечно.

Станува збор за тоа дека приходите на агентите за осигурување се зависни од бројот на склопени полиси, па соодветно им се исплаќа провизија. Затоа просечниот нето приход во повеќето осигурителни компании во Хрватска е многу низок.