Полициските власти на Крит се алармирани за смртта на 20-годишниот спасител од албанско потекло, кој по расправија се чувствувал лошо и бил пренесен во болница каде и покрај напорите на лекарите не успеал да преживее.

Полицијата ги истражува околностите под кои починало момчето, бидејќи има информации дека пред да колабира имало жестока расправија меѓу него и двајца 24-годишни Грци. Инцидентот се случил во Каливес Апокорону при што младиот човек се чувствувал лошо по инцидентот и на крајот онесвестил.

Полициски извори, говорејќи за грчките медиуми, рекоа дека, на местото на тепачката биле присутни и тројца мажи од Грузија, Бугарија и Романија, без сè уште да се разјасни која била нивната точна улога во тоа што се случило.

Според истите извори, петте лица кои влегле под опсервација на надлежните се приведени поради физичките повреди предизвикани од тепачката, додека во зависност од резултатите од обдукцијата не е исклучено да одговараат и за убиство.

„Се уште не е јасно што точно се случило. Истрагата е во тек за да се утврди што на некој начин сториле секое од петте лица кои наводно биле вклучени во инцидентот“, истакнаа оттаму.