Семејство од Србија на 5 мај доживеа тешка сообраќајна несреќа додека беше на одмор во грција. Мајката загина, а таткото и синот (2) се повредени.

Српската државјанка (34) која на 5 јуни загина во сообраќајна несреќа во Грција, во која беа повредени нејзиниот сопруг (41) и синот (2), била бремена, велат нејзини познаници за српските медиуми.

Да потсетиме, семејство од Србија било на одмор, а жената загинала во директен судир на нивниот автомобил шкода со белградски таблички и локалниот градски автобус на патот Катерини – Паралија.

– Жената ден по несреќата им подлегна на повредите во грчката болница во Катерини, додека нејзиниот сопруг и детето се пренесени во болницата во Солун. Тие не се во тешка состојба и наскоро треба да ја напуштат болницата. Мажот има скршеници, а момчето се здобило со повреди на главата – вели изворот, додавајќи дека постои сомневање дека до оваа несреќа довела лоша сообраќајна сигнализација.

– Се сомнева дека семафорите на раскрсницата не биле синхронизирани, односно дека зеленото светло во исто време било вклучено и з ашкодата и за автобусот. Ова довело до неизбежен судир – наведува изворот и додава дека за трагичните последици од судирот придонел и тоа што возачот на автобусот возел со брзина поголема од дозволената.

– Автобусот се движеше 40 километри на час повеќе од дозволеното на таа делница. Од силината на ударот, „шкодата“ се свртела неколку пати, а момчето кое било во неговото седиште, при свртувањето испаднало од него – рекол соговорникот.

Познаници на тричленото семејство за српски Курир велат дека останале без зборови по страшната вест од Грција.

– На тој одмор заминаа непланирано на повик на бабата и дедото кои отидоа неколку дена порано. Им се јавиле и им рекле дека е убаво и дека можат да им се придружат. Таа штотуку имаше направено некои прегледи и тестови кои обично ги прават трудниците и решија да одат да се опуштат малку – вели познаникот.

Како што понатаму наведува изворот, несреќата се случила во моментот кога со автомобил излегувале од сместувањето.

– Несреќата се случила околу 10:30 часот, токму додека излегувале и оделе во обиколка – вели соговорникот.