Ненад Булатовиќ (28) од Земун исчезнал во неделата откако ја преминал границата со Хрватска за да присуствува на драг трка.

Според изјавите на неговите пријатели, последен пат бил виден на 9 јуни на овој настан, по што му се изгубила секаква трага. Мобилниот телефон му е исклучен, што го отежнува пребарувањето.

Семејството и пријателите на Ненад Булатовиќ се загрижени и чекаат каква било информација за неговото исчезнување.

Семејството веднаш го пријавило исчезнувањето кај надлежните, додека пријателите апелираат до јавноста секој кој има какви било информации за Ненад веднаш да се обрати во полиција.

Полицијата упати апел за помош за пронаоѓање на Ненад Булатовиќ, барајќи од сите граѓани кои имаат некаква информација за неговото исчезнување да пријават во најблиската полициска станица.