ЦУК информира дека, според радарската слика од УХМР, во раните утрински часови територијата на Скопската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица.

Поинтензивни врнежи има во подножјето на Скопска Црна Гора. Нестабилната облачна маса се движи кон Кумановскиот регион којшто ќе биде зафатен со пороен дожд и грмежи.

Што е суградица — вид на високи врнежи карактеристични за летниот дел од годината. Се излачува во форма на проѕирни зрна мраз со сферична или неправилна форма. Нивниот пречник достигнува најмногу пет милиметри. Кога ќе удрат на земја, отскокнуваат, но не се кршат.

Какво ќе биде времето денеска – променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме, информираше УХМР.

„Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време“, се вели во соопштението.