Огромни пожари зафатија шуми во близина на популарна туристичка дестинација во Турција. Во пожарот што ја зафати Аланија загинаа три лица, 58 беа пренесени во болниците поради повреди, но тоа не ги спречи туристите да продолжат да се капат, додека некои одбија да се евакуираат.
Шумскиот пожар, кој од вчера околу пладне се прошири на југот на Турција кај Анталија и летувалиштето Сиде, се уште не е изгаснат. Хотелите најблиску до огнот почнаа да се испразнуваат и да ги пренесуваат гостите на други места.
Меѓу нив има и туристи од регионот, имајќи предвид дека Аланија е една од омилените дестинации во Турција, но за среќа никој од нив не е повреден.
– Во моментов сме во регионот Манавгат, Кизилагац. Хеликоптери го гаснеа пожарот цела ноќ и наутро. Токму пред нашиот хотел ја полнат водата од морето. Мислам дека се гасне некаде околу водопадот Манавгат, кој се наоѓа на горната страна од автопатот. Чадот го покри целото небо и изгледа страшно, напишал еден од српските туристи.
Многумина, сепак, одлучија да останат до последен момент и да го користат огнот како „позадина“ за фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи, одбивајќи да го прекинат одморот.
Голем број туристи закачија слики од пожарот за да покажат што се случува, позираа со чадот и почнаа да собираат лајкови/ Сцените се прилично нереални.
Ова не е првпат луѓето да прават луди работи заради добра селфи фотографија или слика на Инстаграм. Според неодамна објавена информација, повеќе од 250 луѓе починале во светот во обид да направат совршена фотографија за социјалните мрежи. Таа мрачна статистика вели дека несреќите се случиле најчесто во Русија, Америка и Пакистан, и дека обично оние кои загинале биле машки лица.
Најчеста причина за смрт кај оние за кои селфињата беа буквално последната работа во животот е давење, затоа што тие се обидуваа да се сликаат на брод, по што или ќе паднеа, или ќе беа поклопени со преголеми бранови.
Според турските медиуми, вкупно 10 пожари горат во целиот турски дел на Средоземното Море, а речиси 2.000 луѓе се ангажирани во нивното гаснење и ставање под контрола.
📸
📸
📸
📸
📸